На 27.02.2022 во 16.00 часот на магистрален пат село Удово - село Марвинци, на место викано „Марвинска крстосница“ се случила сообраќајна несреќа помегу патничко моторно возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од М.К.(44) од село Јосифово, валандовско и патничко моторно возило „опел инсигниа“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(27) од село Брајковци, валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Едно лице тешкоповредено во сообраќајка
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија