Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Едно лице загина во кумановско Ранковце - наспроти снегот, вчера имало повеќе пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2021-10-26-at-16.59.12

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.891 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,41%, а 58,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

„Кон полиција биле упатени 55,03%, кон Итната медицинска помош 30,47%, кон пожарникарите 0,89%, а кон АМСМ 1,18% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 12,43% со другите 57,54% што се именувани како „неитни повици“, биле 1.150 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи“, велат од ЦУК.

— реклама —

Според вкупните податоци во ЦУК, наспроти снегот и студеното време имало повеќе пожари и еден фателен пожар, при што имало и починато лице.

„Регионалниот ЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, од околу 04:20 часот интервенирале поради опожарена куќа во с.Отошница, во Општина Ранковце. Според известувањето од ТППЕ во пожарот има и починато лице. За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и ЕВН да ја исклучи струјата во тој реон. За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР СВР Куманово“, додаваат од ЦУК.

— реклама —

Од ЦУК додаваат:„Пожарникарите од ТППЕ Куманово, од 04:25 до 05:45 часот, со 7 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале заради опожарена на куќа на ул. „716“ бр.9 во населбата „Баново Трло““.

— реклама —

Пожарникарите од БППЗ на град Скопје имале една интервенција поради запален оџак. ТППЕ Охрид, во текот на денот имала 4 (четири) интервенции поради запалени оџаци. ТППЕ Кичево имала една интервенција поради запален оџак. ТППЕ Прилеп, од 20:12 до 21:35 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле опожарен дел од мотор на автобус на патниот правец с.Беловодица – Прилеп. Имале и една помала интервенција поради запален оџак.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања