Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Едно мало оштетување на фар може да ве чини и до 6.700 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-librarygfst3i4jr49dbgIX54m
unsplash

Поправката на современите автомобилски фарови станува сè поскап трошок за возачите, предупредуваат осигурителните компании, кои бараат производителите да овозможат поправка на поединечни делови наместо задолжителна замена на целиот фар.

Според податоците на осигурителната компанија „Алијанц“, во Германија секоја година во сообраќајни незгоди се оштетуваат околу 870.000 фарови. Во меѓувреме, просечната цена на еден фар пораснала од 708 евра во 2015 година на 1.251 евро во 2025 година, а кај некои модели достигнува и до 6.700 евра.

— реклама —

Причината е сè посложената технологија. Денешните автомобили користат Matrix LED системи, ласерски светла, адаптивно осветлување и напредна електроника, поради што дури и помали оштетувања можат да резултираат со многу скапи поправки.

Од „Алијанц“ сметаат дека проблемот не е во самата технологија, туку во начинот на кој производителите ги проектираат фаровите. Во многу случаи не може да се замени само оштетеното стакло, куќиштето или електронскиот модул, туку мора да се смени целиот склоп, што значително ги зголемува трошоците.

— реклама —

Како позитивен пример се посочува „Тојота“, кај која кај одредени модели можат поединечно да се заменат стаклото, куќиштето, електронските компоненти и носачите на фаровите. Сличен пристап најавува и „Мерцедес-Бенц“, кој планира идните генерации фарови да ги изработува со завртки наместо со лепење, со што поправките би станале полесни и поевтини.

— реклама —

Покрај финансиската заштеда, можноста за поправка наместо целосна замена би придонела и за намалување на електронскиот отпад и емисиите на јаглерод диоксид при производството на нови делови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања