Промени тема
Контакт

Едногласно „не“ за дата-центарот во Пехчево: Сите девет советници гласаа против изградбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarya1tjm054jcoh15ihqsD
unsplash

Советот на Општина Пехчево едногласно ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница, сите девет советници гласаа против предлогот.

Против иницијативата се изјаснија пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тројца од СДСМ и коалицијата и еден советник од Движењето ЗНАМ.

— реклама —

Одлуката следува по повеќенеделните реакции во јавноста околу најавениот проект и начинот на кој се одвивала постапката. Како главни забелешки беа посочени недоволната информираност за инвеститорот, како и отворените прашања за потрошувачката на вода и електрична енергија.

Дел од јавноста изрази загриженост и за можните последици врз природата и животната средина, но и за недоволната вклученост на граѓаните и стручната јавност во процесот.

— реклама —

Против изградбата на дата-центарот во изминатиот период се изјаснуваа и граѓански активисти, кои бараа постапката да биде запрена. Реакции имаше и од ДОМ и Левица, од каде што беа побарани поголема транспарентност и конкретни одговори за влијанието на проектот врз локалната заедница и природните ресурси.

— реклама —

По расправата, претставниците на советничките групи порачаа дека интересите на жителите на Пехчево треба да бидат приоритет и дека за идни инвестиции од ваков карактер мора да има целосни информации, стручни анализи и транспарентна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања