„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

ЕДС: Неточни се објавените информации дека грчкото обвинителство отворило истрага за компанијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
EDS

Компанијата ЕДС, која е во целосна сопственост на грчката државна компанија за електродистрибуција, остро ги демантира наводите изнесени во текстовите објавени на веб порталите kurir.mk и infomax.mk во врска со продажбата на ЕДС.

— реклама —

„Неточни и невистинити се наводите дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на ЕДС или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев.

— реклама —

Компанијата ЕДС целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата.

— реклама —

Бараме од медиумите каде се објавени овие невистинити наводи, повикувајќи се на наводен извор во кој воопшто не е објавена таква информација, јавно да го објават демантот и да се извинат. Во спротивно ќе ги преземеме сите правни чекори за да го заштитиме угледот на компанијата ЕДС и да го спречиме ширењето на лажните обвинувања“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања