Мартин Протуѓер од ВМРО ДПМНЕ не ги исполнил ветувањата дадени на Египќаните од Охрид кои гласаа за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ на изборите 2013 година. Ова може да се слушне како го разговараат Кристијан Мицкоски и Зоран Милески во најновите аудио разговори обелоденети пред јавноста вчера.
Интересно е да се напомене дека Египќаните своето политичко осамостојување од влијанието на партијата ДУИ го започнаа со појавата на Арбен Демироски Бено, но благодарение на Мартин Протуѓер и власта во Охрид овој пат беше саботиран од постојаните контакти и договарања кои Протуѓер и Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ ги имаа со политички маргинални фигури како Демир Далип.
ШТО ДОГОВАРАЛ ДЕМИР ДАЛИП И ШТО ДОБИ ТОЈ ?!
Власта на ВМРО ДПМНЕ го вработи Демир Далип во „Здравствен дом“, додека неговата сопруга ја вработи во Општа Болница. Сопругата на Демир Далип почнала да работи на 1 декември 2016 со превземање од болницата во Тетово. Деновиве ќе се направи истражувачка сторија за тоа како тогашните кадри на ВМРО ДПМНЕ ја „превзедоа“ сопругата на Демир Далип и дали таа воопшто работела во болницата или била волонтер, па тоа веројатно ќе отвори нови истраги за кршење на Закон. Јавноста слушна и сниман разговор на кој Демир Далип незадоволно се жали дека поранешниот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ не му купил нов точак, иако како што се слуша на снимката тој пишувал пофалби за неговата работа на Фејсбук повеќе од сите.
https://www.facebook.com/111220626921688/videos/1087903881591614/?v=1087903881591614
Дали Демир Далип остварувал бројни средби со Мартин Протогер и го фалел градоначалникот од ВМРО ДПМНЕ на Фејсбук во замена за точак ? Интересите на Египќаните кои се цела една етничка заедница се сведени на купување точак за Демир Далип ?
Дословно транскриптот од објавениот разговор кој се однесува на Египќаните е следниот:
„Бено, значи е, не сакам јас да му се јавувам, затоа што што и да сум направил ќе бидам сватен погрешно“, па повторно се надоврзува Мицкоски: „Погрешно“. Кичеец објаснува и натаму: „Затоа што јас прошлиот пат сум рекол, ти Бено, ќе правиш како што мислиш. Да не дозволиш притисок да се прави. Ако некој ти прави притисок, ќе ми се јавиш, нема што. Терај си. Затоа што, многу го изигра Мартин“, а Мицкоски прашува: „Кој Мартин?“, Кичеец одговара „Протуѓер“. Мицкоски му вели на Кичеец: „Од тие избори, многу последици влечеме“, женскиот глас е надоврзува: „И многу долгови“, а Кичеец одговара: „Луѓето ги направија маскара, мене ме коштаат, ако ви кажам колку пари, нема да ми верувате. Јас сум завршувал на луѓето работи кои Мартин им ги ветувал, никој претседателе не се јави. Сум одел сум запослувал луѓе, Бакрач, минимално, нула и тој многу можел. И тој што му одговараше си праеше, а за луѓето кои сработеле и реално ја донеле победата, не мрднаа со мал прст, дури кривични пријави.. А сите тие работи, јас сум им ги вршел лично. Така мене ми го начука Мартин и Саше, но Саше тука не ни е ни битен, затоа што кажуваше оди, а Мартин лично им ветуваше на луѓето работни места. Тие се мали работи, ама тие се претседателе ѓупци, како да ви кажам, тоа е Еѓипјанец, тоа е човек, тој не е пример да го вратиш за директор. Метлар, правиме муабет за такви работи. Луѓе се. Ни завршиле работа, не може после да не ги познавам“.