„Ејпл“ и „Нетфликс“ ги повлекоа понудите за снимање на биографски филм за Вил Смит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
ae75772b-7d28-462e-b739-dd9288b75836

Веќе неколку дена интернетот е преплавен со објави за шамарот на доделувањето на Оскарите и се чини дека работите се уште не се смируваат. Вил Смит направи нешто неочекувано и се чини дека тоа скапо ќе го чини. „Ејпл ТВ“ и платформата „Нетфликс“ ги повлекоа своите понуди за снимање на биографскиот филм за Вил Смит откако тој го удри комичарот Крис Рок на доделувањето на Оскарите.

— реклама —

„Ејпл“ и „Нетфликс“ беа меѓу неколкуте компании кои се борат да ги обезбедат правата за овој филм, што треба да снима врз основа на неговата автобиографија објавена во 2021 година, која забележа импресивни продажни резултати. Сепак, „The Sun“ објави дека и двете големи компании во филмската индустрија ги повлекле своите понуди за филмот.

— реклама —

Наводно, работата со Смит станала ризична по ситуацијата на Оскарите.

— реклама —

Сепак, Смит доби Оскар за најдобар актер за неговата улога во „Кралот Ричард“, надминувајќи го, меѓу другите и Дензел Вашингтон со неговата улога во филмот на „Ејпл“ – „Трагедијата на Магбет“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања