Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ЕК ја поздрави мерката „Гаранција за млади“ со која се вработија 1.839 млади лица, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Добвме најпозитивен Извештај од ЕК, безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ а земјава се посочува како светол пример во регионот, велат од СДСМ.

„Постигнатиот напредок во рефомите во повеќе сектори е признаен и соодветно вреднуван од страна на Европската комисија.

— реклама —

Во однос на младинските политики, од страна на Европската комисија е поздравена мерката „Гаранцијата за млади“ за која се вели дека е многу важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата.

— реклама —

Токму преку оваа мерка, изминатата година се вработија 1.839 млади лица.

Како што е наведено во Извештајот, направен е добар прогрес и во заштита на човековите права и слободи. Комисијата констатира зголемена заштита од говор на омраза и дискриминација.

— реклама —

Во Извештајот се наведува и дека условите за работа и функционирање на граѓанското општество и понатаму се подобруваат, преку нивното директно учество во креирање на политики и во законодавниот процес.

— реклама —

За две години од заробена држава, Република Македонија е светол пример во регионот.

Тоа е признание за реформите, за политиките на владата предводена од СДСМ, но и мотив да се продолжи со евро-атланскиот курс во интерес на граѓаните, на младите и иднината на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања