Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ЕK одобри нова вакцина против Ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

vakcini-3-1

Европската комисија денеска го одобри договорот со фармацевтската компанија „Валнева“ за набавка на речиси 27 милиони дози од вакцината против Ковид-19 во текот на 2022 година.

„Валнева“ е осма компанија со која Комисијата склучи договор за набавка на вакцини против Ковид-19. Претходно беа потпишани договори со „Астра зенека“, „Санофи-ГСК“, „Јансен фармасетика НВ“, „Бионтек-Фајзер“, „Кјурвак“, „Модерна“ и со „Новавакс“.

— реклама —

Договорот со „Валнева“ им овозможува на земјите членки да купат речиси 27 милиони дози вакцина во 2022 година. Според договорот, вакцината може да се приспособи на нови варијанти на вирусот, а земјите членки може да нарачаат до 33 милиони дополнителни дози во 2023 година.

— реклама —

„Договорот овозможува вакцината да се приспособи на нови варијанти. Нашето широко портфолио на вакцини ќе ни помогне во борбата против Ковид-19 и неговите варијанти во Европа и пошироко. Пандемијата сè уште не е надмината. Секој што може нека се вакцинира“, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен.

— реклама —

„Штом Европската агенција за лекови ќе прогласи дека е безбедна и ефикасна, вакцината на ‘Валнева’ ќе биде уште една опција во нашето широко портфолио на вакцини“, рече комесарката за здравство, Стела Киријакидес.

„Валнева“ е европска биотехнолошка компанија која развива вакцина со инактивиран вирус, кој се добива со хемиска инактивација на жив вирус. Станува збор за традиционална технологија за вакцини, која се користи веќе 60-70 години, се базира на примена на воспоставени методи и е многу безбедна. Се користи во производството на повеќето вакцини против грип и многу вакцини за деца. Во моментот таа е единствената вакцина со инактивиран вирус против Ковид-19 која е во фаза на клинички испитувања во Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања