ЕК препорача укинување на граничните контроли во шенген-зоната до 15 јуни, отворање на надворешните граници кон земјите од Југоисточна Европа од 1 јули и постепено отворање на надворешните граници за граѓаните на другите трети земји во зависност од нивната епидемиолошка состојба, пренесува хрватски „24 сата“.
„Комисијата препорачува членките на шенген-зоната и придружните земји да ги укинат внатрешните гранични контроли до 15 јуни 2020 година и да ги прошират привремените ограничувања за патување во ЕУ, кои не се неопходни до 30 јуни, како и да подготват рамка за постепено отворање по тоа“, објави Комисијата.
Комисијата исто така препорачува да се укинат ограничувањата за патување во ЕУ за граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија од 1 јули бидејќи нивната епидемиолошка состојба е слична или подобра отколку во ЕУ.
За другите трети земји, Комисијата не препорачува општо укинување на ограничувањата бидејќи здравствената состојба кај некои од нив е критична.
фото: Архива