Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ЕК во Извештајот нотира дека Владата не спровела речиси никави реформи, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20072022_VRSM_sednicaVlada-1

Владата на Ковачевски и СДС покажува системска негрижа кон реформските процеси значајни за ЕУ. Тоа го нотира годинешниот Извештај на ЕК. Во 6-те клучни кластери нема подобра оценка од претходните години. Во секој од кластерите, државата се смета како умерено подготвена, што е иста оценка со годините претходно, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Тоа говори дека Владата не ги зела предвид препораките од Европската Унија во извештаите за 2020 и 2021 година.

— реклама —

Македонија со оваа Влада нема напредок и во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на безбедносните служби, борбата против тероризмот, економијата, слободниот пазар и пазарните слободи итн.

Извештајот го забележува повеќемесечно незакажување на седници за пратенички прашања во собранието што покажува евидентен страв од дебата во собранието, но исто така и злоупотребите на законите со лажно европско знаменце. Од сето ова се гледа дека Владата во Македонија има и најнизок степен на напредок во вкупно 35 позиции, два пати повеќе од оние во кои има барем некаков степен на напредок.

— реклама —

Но, оваа самобендисана и дрска влада секогаш сака вината да ја пренесе на друг. Па затоа дезертерот Ковачевски пак дезертира од одговори за извештајот правдајќи се со се само да не се открие нивната неспособност и непосветеност на процесот. Со еден збор Ковачевски троши време и бара алиби обвинувајќи ја опозицијата за неговите сопствени лоши перформанси.

— реклама —

Затоа на Македонија и се потребни промени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања