Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Економијата го допре дното откако Заев дојде на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

„СДСМ откако дојде на власт македонската економија го допре дното.

Според последните информации во вториот квартал оваа година, фирмите во земјата уплатиле 1/3 помалку данок во однос на истиот квартал лани.

— реклама —

Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално  забележале просечен пад од 3,4%. Најголем е падот кај данокот на добивка. Фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година.

Поради лошите политики на Зоран Заев над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не мислат како власта дека економијата блеска.

— реклама —

Поради лошата економија околу 18.500 македонски државјани кои лани заминале за Германија, приближно 8.000 не се вратиле.

— реклама —

Втор месец по ред, градежништвото во Република Македонија забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10% во април и дополнителни 20% во мај.

Не може да има раст на економија, кога криминалниот октопод Зоран Заев рекетира кого ќе стигне. Нема бизнис во државата кој не е изрекетиран.

— реклама —

Парите секојдневно во државата се трошат на рекети и наместени тендери. Оваа влада донесе само понижување, немаштија и неработа.

Оваа влада поради корупција, лоши политики треба си поднесе веднаш оставка, потребни се предвремени парламентарни избори што е можно поскоро, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања