„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Економистот Зоран Тодоров е вториот независен кандидат за градоначалник на Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
ZOran-todorov

Уште една независна кандидатура за градоначалник на Кочани. Зоран Тодоров најави дека ќе се бори за достоинствен, праведен и одговорен живот во градот, повикувајќи на солидарност, искреност и заедничка сила во изградбата на иднината.

— реклама —

Вчера ја поднесов независната кандидатура за градоначалник на Кочани. Некој би рекол ракавицата е фрлена, но јас би рекол раката кон сите во Кочани е подадена.

Јас сум Зоран Тодоров – сопруг и татко на две деца кои секојдневно ме учат што значат љубов, трпение и посветеност.

— реклама —

По професија сум економист, но по суштина сум човек кој целиот свој живот го живее со одговорност, духовност и почит кон заедницата.

Роден и израснат сум овде, во Кочани – градот што ми ја вгради љубовта кон луѓето, чесноста кон трудот и верата во вистинските вредности.

Со моето семејство секој ден го живееме Кочани – не како место на случаен престој, туку како свесен избор.

Избор да бидеш човек, сосед, поддршка.

Избор да не молчиш кога можеш да помогнеш.

Избор да веруваш во луѓето и во заедничката сила што создава, а не уништува.

Јас сум човек од дела – не од зборови. Еден од основачите сум на повеќе организации, преку кои со конкретни акции и хуманитарни иницијативи со години сме им помагале на оние на кои најмногу им требало. Верувам во солидарноста – не како празна реченица на плакат, туку како нормална, човечка и граѓанска реакција кога некој страда или кога нешто може да се подобри.

Сакам живот во Кочани – не како навика, туку како одлука.

Сакам живот во Кочани – со смисла, со срце и со иднина.

Го гледам Кочани не како спомен што избледува, туку како иднина што мораме заедно да ја изградиме – чекор по чекор, човек до човек.

Верувам дека овој град има душа, но таа душа бара нов глас. Глас на одговорност, искреност и храброст да се каже:

„Доста е – време е за поинаку.“

Сакам живот во Кочани – достоинствен, праведен, инспиративен и топол, напиша Тодоров

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања