Промени тема
Контакт

Економските политики и мерки на власта на СДСМ и ДУИ даваат катастрофален резултат, тврди опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0109

Економските политики на владата на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, се лоши и затоа резултатот од тоа е катастрофален, тврди опозицијата

„Македонија поради лошите економски политики и мерки кои досега ги преземаше е на дното по раст на БДП во регионот. Минатата година во Македонија беа затворени околу 7000 компании, а бројот на вработени во индустријата се намалил.

Граѓаните се соочуваат со висока инфлација од околу 7%, основните продукти пораснаа од 30 до 70% за краток период, што е причина стандардот да паѓа, а сиромаштијата галопирачки да расте.

— реклама —

Растот на инфлацијата е поголем од растот на платите и пензиите, а 35% од населението во Македонија е под ризик од сиромаштија.

— реклама —

Во исто време расте и долгот на државата, па така тој надмина 60% од БДП или во евра, ја надмина психолошката граница од 7 милијарди евра и според проценките на владата тој ќе расте уште најмалку 600 милиони евра до крајот на годината.

Никој не знае каде завршија до сега овие пари, бидејќи нема нови автопати, нови болници, нови училишта, детски градинки, ама затоа има непродуктивни трошоци за кафиња, мебел, службени возила, режано цвеќе, фстаци и хотелски услуги.

— реклама —

Овие економски параметри се доволни да покажат каква неспособна, неодговорна и криминогена власт владее со Македонија. Народот тоне во сиромаштија, а власта се богати. Тоа мора да престане“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања