Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Екс министрите Цветков и Делев одат во Шутка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
8097702141-MihailCvetkov960.jpg.crop_.960x542

Истражен судија од Основниот суд Скопје 1 Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство им определил мерка 30 дена притвор на Михаил Цветков и Христијан Делев, додека на Ацо Спасеновски куќен притвор, поради здравствени причини.

— реклама —

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за 4 лица, судија на претходна постапка при одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвор во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвор.

— реклама —
— реклама —

Во однос на Љ.Д. кој е пратеник во Собранието на Р.М. и истиот се повикува на пратенички имунитет ќе биде дополнително повикан да се прозинесе во судот, откако ќе се создадат услови за тоа – пишува во соопштението од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања