После Ресенското советување фокусот е на освојување на општините, посебно нивниот училиштен оддел за да може организацијата да ги распредели своите членови учители во поважните градови каде би вршеле пропагандна активност, омасовување и би создавале гнезда на организацијата. Со таа цел, организацијата решила да го кандидира Х. Татарчев за претседател на солунската егзархиска општина но доаѓа во конфликт со т.н. егзарска партија, повеќе постари, угледни и побогати лица кои на идејата на МРО гледале како на авантуристичка идеја на група авантуристи, “даскалчиња” кои можат да навлечат само проблеми на народот. Еден од нив, Коне Самарџиев, никако неможел да се помири и со тоа дека коректорот во неговата печатница Дамјан Груев со неговите другари ќе ја раководи општината, но имал отпор и кон Иван Хаџи Николов кој ја отворил втората книжарница во градот и му станал конкуренција.По освојувањето на солунската егзархиска општина, младите сили на МРО како ново и се попопуларно движење во македонските работи добило и идеен противник од егзархиското движење или течение каде се приклониле богати и угледни преставници тесно поврзани со политиката на Егзархијата и со самата неа, во чие движење се приклучила и една група на учители од солунската гимназија на чело со Михаил Сарафов, кој со повеќе други идеолози на егзархиското движење влегуваат во судири и непријателства до точка на меѓусебна пресметка и ликвидација со МРО, која подоцна ќе биде спречена со умешното посредување на Борис Сарафов како претседател на Врховниот македоно-одрински комитет но и со интервенции од бугарските владини кругови.Година-две по Ресенското советување веќе цела Македонија е покриена со комитети и дружини за што се поставила потребата за одржување на првиот конгрес на МРО, кој Татарчев го нарекува и “конститутивен”, и кој се одржал во Солун во 1896 година со кој претседава Татарчев кој останува претседател на централниот комитет се до неговото апсење во 1901 година.Влегувањето на Гоце Делчев во организацијата следува веднаш по отпуштањето на Делчев од Военото училиште во Софија во септември 1894 година и е во посредство со Дамјан Груев и по претпоставка на Ефрем Чучков, веројатно преку другар на Делчев, кукушанецот Георги Имов, отпуштен од Военото училиште уште пред Делчев, по што веднаш во посредство на МРО е испратен во штипското предградие Ново Село да биде учител, каде постигнува неверојатен успех и заедно со ист таков успех на Пере Тошев во Битола, тие градови и околии се двете најголеми стожери на организацијата во тие години.Со приклучувањето на Делчев организацијата добива многу. Ѓорче Петров во неговата беседа за Гоце одржана на 16 годишнината од денот на неговата смрт, ќе каже: “Кај што ќе стапнеше, работите на организацијата добиваа на брзина, која работа ќе ја почнеше одеше брзо кон нејзиниот крај, а по пат уште и го подигаше расположението. Неговите зборови беа ослободени од секакви скруполи, кога некого канеше да работи, создаваше пламен кај слушателите. Во неговите дела и слава се чуствуваше дух на бестрашност, себе откажување, дух кој ги заразуваше гледачите и слушателите и соучесниците и на тој начин проникнуваше во нив. Со тие свои квалитети тој внесуваше нов живот во краевите кои ги посетуваше, создаваше темперамент и расположение дури и кај луѓето со кои влегуваше во судир.”Ова се само некои делови и фрагменти од почетоците на македонската револуционерна борба чии централен датум е 23 Октомври 1893 година, за кои е убаво да се потсетиме на овој празничен ден.Нека е честит и вечен празникот на македонската револуционерна борба!Нека е вечна Македонија!
Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе
D4mbdQwi1L8
Екс премиерот со историска лекција: Што е 23 Октомври 1893 година?
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 5 години -
Македонија