Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Екс претседателот и судија на Врховниот суд, Јово Вангеловски денеска седна на обвинителна клупа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Vangelovski-Jovo

По околу половина година откако и официјално е разрешен од функцијата претседател и судија на Врховниот суд, Јово Вангеловски денеска седна на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд во Скопје.  За денеска беше закажан стартот на судскиот процес во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба, но на негово барање, поради неподготвена одбрана, првото рочиште се одложи, објави 360stepeni.mk. 

Вангеловски треба да се брани од обвинението дека како претседател на Врховен не ѝ исплатил додаток на плата на својата колешка, врховната судијка Лидија Неделкова.

— реклама —

Во судот се појавија и тој и Неделкова, како и обвинителката Спасенка Андоновска. Неделкова дојде со адвокат, а Вангеловски се појави сам.

— реклама —

„Обвинителниот предлог го примив 21.9.2020, непосредно пред одржување на рочиштето. Тоа е недоволно време согласно закон за да ја подготвам мојата одбрана. Видов и дека се предлагаат неколку писмени докази кои не ми беа доставени и со самото тоа ми е оневозможено подготвување на одбраната, односно нееднаквост на странките. Од тие причини барам одлагање на денешната расправа“, рече Вангеловски додавајќи дека дополнително ќе ангажира и свој бранител.

— реклама —

Надлежна судијка во овој предмет е Даниела Алексовска-Стојановска, која во консултација со странките следното рочиште го закажа за 29 октомври.

 

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања