„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ексдиректорот на ЗОО-Скопје ќе тужи, но и ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
galetanovski

„Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште е отворен, а одамна се поминати сите законски рокови за жалби. Во присуство на адвокат, денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и истите одбија да ми ги вратат со банални објаснувања документите не се разгледани (пликото не е отворено) ниту пак се пратени до градоначалничката на Град Скопје, поради што ќе следува тужба од моја страна“, извести преку социјалните мрежи, поранешниот директор на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски.

— реклама —

„Без разлика на сите отежнителни околности со кои се соочувам во моментов, јас не се откажувам од она за што се залагам. Сакам да ги известам посетителите и моите колеги од Зоолошката градина дека мојот следен чекор е формирање фондација под името „За европска зоолошка“, чија примарна цел ќе биде обезбедување финансиска поддршка за Зоолошката градина во Скопје и нејзините вработени.

— реклама —

Фондацијата ќе биде посветена на развојот и одржувањето на Зоолошката градина според европски стандарди, овозможувајќи соодветни услови за живот на животните, унапредување на инфраструктурата, како и обезбедување средства за професионален развој и соодветни услови за работа на вработените - какви што впрочем заслужуваат, а во моментов ги немаат.

Со формирањето на фондацијата ќе се стремам за зголемување на свесноста за важноста на заштитата на животинскиот свет и едукацијата на јавноста за овие прашања, во соработка со релевантни европски институции и организации. Воедно, ќе бидат активирани многу домашни и странски фирми и донатори кои ќе помагаат со финансии за потребите на ЗОО Скопје. Од редот на вработените во ЗОО Скопје ќе назначам и ополномоштам вработен кој ќе има увид во финансиите, со право да управува со истите.

Сакам да им се заблагодарам за поддршката и да ги охрабрам моите колеги од институцијата кои работат посветено и професионално, а кои се соочуваат со притисоци - да се борат за нивните права и заслуги исто како што се боревме заедно! Никој не смее изживува со нив и да врши мобинг. Ги повикувам, доколку имаат потреба од правен совет, мојот адвокат секогаш ќе биде на располагање за било какво прекршување на Законот за работни односи, со цел да бидат заштитени.

Департизацијата на Зоолошката градина Скопје останува моја прва и единствена цел и останувам да се борам за тоа!“, вели Галетановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања