Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ексминистерот Беким Сали сведочеше што се случувало на Онкологија и како барал оставки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bekim-sali-3118

Заврши сослушувањето на поранешниот министер за здравство Беким Сали, на денешната седница на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија.

— реклама —

Сали во своето обраќање поврзано со случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, како една од мерките за работењето на клиниката истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, поради, како што рече, неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него, и назначувањето на новата директорка Вилоета Клисарова како в.д. директор на клиниката со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа.

— реклама —

„Сите релевантни институции во нашата земја биле свесни за повремен недостиг на лекови на Клиниката за онкологија, но не биле спроведени ефективни мерки. Следствено го повикав Нино Васев, директор на клиниката да обезбеди остварлив план и визија за надминување на овие предизвици. Но, за жал, моето барање беше исполнето со молчење. Последователно побарав од д-р Васев да поднесе оставка, која беше реализарана и истиот ден беше именувана д-р Виолета Клисарова како в.д директор, презентирајќи план за решавање на проблемите кои се во прашање“, реферираше Сали.

Според Рашена Мизрахи, претседателката на Комисијата и пратеничка во Собранието, Анкетната комисија треба да утврди дали има политичка одговорност во случајот со Клиниката за онкологија.

— реклама —

„Членовите на Комисијата нема да се информираат само од актуелниот министер за здравство, со информации со кои тој располага, туку и од поранешни министри“, додаде таа.

— реклама —

Прашања до поранешниот министер за здравство поставија пратениците Мартин Костовски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Зибери, Јованка Василевска, Тони Јаревски, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Александар Вељаноски, Даниела Марковска и други пратеници, кои се однесуваат на преземените мерки на МЗ за време додека Сали бил министер за здравство, набавката на лековите, начинот на терапиите, обезбедувањето на истото, надзорот на министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговот раководење со министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања