Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ексминистерот за финансии на папата Франциско осуден за сексуално злоставување деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
CbJVQ-djordj-pel

Судот во сојузната австралиска држава Викторија ја потврди затворската казна на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуално злоставување деца.

— реклама —

Одлуката на Апелацискиот суд ја поздравија жртвите од злоставувањата и групите за заштита на правата на жртвите, кои беа собрани пред зградата на судот, пренесоа светските медиуми.

Кардиналот Пел, некогашен министер за финансии на папата Франциско, во декември минатата година беше осуден на шест години затвор за злоставување на двајца 13-годишници во катедралата Свети Петар во Мелбурн.

— реклама —

Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија.

Пел е највисокиот ватикански претставник кој досега е осуден на затворска казна, а заради пресудата австралискиот премиер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања