Ексобвинител ги направил лом кандидатите за шефови: Поважно им е дали работат тоалетите, отколку гонењето криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари

Охридскиот обвинител Војо Димоски, кој се повлече од функцијата и заработи кривична пријава, го искоментира појавувањето на кандидатите за шефови на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, Деса Пауноска и Ермон Незири. Четвртиот кандидат избегал од дебата.

— реклама —

— реклама —
u4NGOkSFOzE
— реклама —

Заклучоците и писанието на Војо Димоски, во целост:

Како човек од занаетот, потрошив безмалку два часа за да го изгледам соочувањето на потенцијалните раководители на ОЈО за организиран криминал и корупција. Еве што заклучив:

1. Вокабуларот на кандидатите и држењето не соодветствува на функцијата која сакаат да ја извршуваат. Во таа смисла, полн погодок е одлуката на четвртиот кандидат да не одговори на поканата за дебата и така да ја продолжи мистеријата за нивото на неговата стручност и елоквенција. Тоа се разбира не ќе може да го прави довека.

2. Премногу општи ставови од луѓе од кои се очекува конкретна работа на конкретна тема: борба со корупцијата и организираниот криминал. Не се бира редовен професор, ниту лидер на партија туку правен практичар - по ѓаволите!

3. Тотално е небитно за јавноста дали работат тоалетите во ОЈО и дали се заклучува вратата или не. За кандидатите очигледно многу битна тема, ако се цени минутажата одвоена на неа. Тоа повеќе зборува за нив, отколку за санитарниот јазол во обвинителството!

4. Фаворитот, зад кој во крајна линија стои муртинската правно-политичка школа, има нејаснотии по однос на стварната надлежност на Обвинителството кое се амбицирал да го води. (Конкретно: не знае за кои форми на делото од чл. 353 е надлежно ОЈО за ГОКК). Сметам дека е доцна да се пополни тоа незнаење.

Во секој случај, во понеделник обвинителите на непосредни избори ќе изберат некого од понудата. Тоа ќе биде прв ваков избор, а избраниот ќе биде слика и прилика на тие што избираат. Како што впрочем и Премиерот, Претседателот и пратениците се слика и прилика на нас. Затоа јавно ги советувам довчерашните колеги да не ги прифаќаат сугестиите на кои се интензивно изложени деновиве.

Мене ми е лесно да направам избор. Како приватник имам еден критериум: би гласал за оној кандидат кого без размислување би го вработил во мојата адвокатска канцеларија. Од конкретнава понуда: никого!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања