Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Експеримент“, по три месеци се враќа на репертоар во МКЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин

Tеатарската претстава „Експеримент“, по текст и режија на Јане Спасиќ, а во продукција на здружението АРТОПИЈА - Скопје.

— реклама —

Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.

Група на фантазмагорични суштества, буфони, ги поседуваат сите искуства и мемории на човештвото. Нивна единствена цел е да го набљудуваат човекот, да бидат негово „критичко огледало“ и еднаш годишно да „мигрираат“ во реалниот свет за да му укажат на грешките. Доаѓа денот од годината кога треба да се „мигрираат“ во реалниот свет и повторно да огласат пред луѓето, но по кратко согледување на ситуацијата буфоните констатираат дека човекот постојано ги повторува истите грешки и нема капацитет да согледа дека тоа го води кон самоуништување. Решаваат да го откажат доаѓањето во реалниот свет бидејќи им се чини бесцелно, но сепак, еден од буфоните не сака да се откаже од човекот, наоѓа уникатен мемориум и успева да ги убеди дека можеби треба да се огласат за последен пат…

— реклама —

Режија: Јане Спасиќ

Играат: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска

Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски

Сценографија: Кирил Василев

Костимографија: Бранкица Јорданоска

Монтажата на видеоматерјали: Горјан Атанасов

Дизајн на плакат: Кристина Горовска

Технички координатор: Кирил Мечалов

Продуценти: Филип Николовски, Наташа Петровиќ и Радослав Гогушевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања