Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Експратеникот Бишевац: Не ме интересира дали Богоевски нарачувал за болен, одговорност мора да има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Safet-Bisevac

Реакциите за случајот со Павле Богоевски и снимката за која тврди дека е направена во такси и дека нарачува масло од канабис за медицински цели, и понатаму е топ тема, а коментар даде и поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац во синоќешното гостување на „Само вистина“.

— реклама —

- „Богоевски призна на кој начин се случува таа работа. Ова општество веќе треба да биде сведок на поднесување на морална одговорност. Не ме интересира дали Павле Богоевски нарачувал нешто за болен во фамилијата, или половина од тоа го нарачувал за свои лични потреби. Тогаш се покажува моментот кога се потврдува беззаконието“, истакна Бишевац вчера во Само вистина.

Инаку, реакциите по снимката не стивнуваат. Таа се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица.

— реклама —

- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук, па птооа вчера отиде и во полициска станица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања