Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Експресниот пат Штип-Радовиш попладнево нема да биде во прекин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
stip-radovis

Патот Штип – Радовиш ќе остане отворен за сообраќај, минирањето е одложено, соопшти АМСМ.

— реклама —

„Според информацијата од изведувачот на работи ‘Страбаг АГ’, денеска на експресниот пат Штип – Радовиш, кај м.в. Пилав тепе, нема да се изведува минирање и сообраќајот ќе се одвива непречено во двата правци без прекини и застои“, соопштија од АМСМ.

— реклама —

Претходно беше соопштено дека патот ќе биде затворен од 12:40 часот.

— реклама —

Затоа пак од вчера заради изведување градежни работи, односно асфалтирање, регионалниот патен правец Р2246 Бошков Мост – село Извор, на делот крак – Лазарополе, сообраќајот ќе биде во целосен прекин секој работен ден и сабота од 11:00 до 13:00 часот. Овој изменет режим ќе трае сé до завршување на градежните работи.

— реклама —

Сообраќајот на другите патишта се одвива без забрани, по суви коловози, но на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања