Полицаецот кој нападнал колега што бил работно ангажиран, работел како обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доделен од МВР. Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со став дека обезбедувачот ќе биде отстранет од тимот на Мицкоски.
„Споменатото лице е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. По ваквиот настан, истото ќе биде отсрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претсдателот на партијата. Бараме органите, без заддршка да ги превземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Се огласија и од МВР.
„На 18.02.2024 во 00.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат оттаму.