„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Експресно се одложи судењето за несреќата кај Ласкарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nesreka-prvi-momenti

Судењето за несреќата кај Ласкарци експресно се одложи поради отсуство на еден од обвиниетите во случајот.

— реклама —

Основниот кривичен суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Шефот на возниот парк во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, имал само основно образование, немал ниту еден ден стручна обука или курс или каква било компетенција, а раководел и управувал со работењето на превозникот.

— реклама —

Ова во воведниот говор за судењето за сообраќајната несреќа кај Ласкарци го нагласи обвинителот Дарко Јакимовски.

По налог на Ремзи, биле ставени уреди за манипулација во тахографот, а возачите ги активирале со прекинувач за да не се прикаже реалната брзина на движење.

„За возачите да избегнат казна, во тахографот биле вградени, т.е. скриени посебни електрични инсталации, кои оневозможувале реално отчитување на тахографските ленти. Во секое време возачите со активирање на прекинувачот ја манипулирале брзината што се отчитува“, рече обвинителот во воведниот говор.

Други возачи сведочеле дека тоа се случувало во континуитет.

По несреќата, кај два автобуса биле извадени уредите за манипулација на брзината.

„Никогаш, буквално никогаш, не се случило автобус да не го помине техничкиот преглед поради технички неисправности. Само во 2019 година се констатирани неисправности кај 80 автобуси што биле на контрола“, рече Јакимовски.

Тројцата контролори во станицата за технички преглед требало да спречат воопшто автобусот да влезе во сообраќај, дополни обвинителот.

Тој рече дека автобусот возел цели 16 дена по неколку тури на ден на истата релација.

„Прашање на време било кога ќе дојде до несреќа“, рече Јакимовски.

„Возачот не бил под дејство на алкохол, замор, лекови или други супстанци и не користел телефон или друга направа за да му го одземе вниманието. Положбата му била стабилна со две раце на воланот. Фокусирано следел што се случува, но ништо не презел“, рече обвинителот.

Обвинителот рече дека во автобусот настапила агонија, пискотници и плач.

„Будните патници биле свесни дека одат кон амбис и дека се соочуваат со смртта“, истакна Јакимовски.

„Оваа постапка не смее да биде цел самата за себе. Општеството во целина преку овој настан мора да извлече поука“, рече обвинителот на крајот од воведниот говор.

На обвинителна клупа за автобуската несреќа кај Ласкарци седнаа сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер, порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски. Во судницата беа присутни и нивните адвокати, како и адвокати на оштетените.

Предметот го застапува скопскиот обвиниетел Дарко Јакимовски, а по него судат Дијана Груевска-Илиевска и Александра Ристеска и тројца судии поротници.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања