„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Експретседателот на ФФМ затајувал данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Sobranie-naa-FFM-777x437

Управата за Финансиска полиција до ОЈО поднесе кривична пријава против екс претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓоржиоски поради сомневање за даночно затајување и фалсификување и уништување на деловните книги.

— реклама —

Како што се наведува во соопштението од Финансиската полиција, делата за кои се товари екс претседателот на ФФМ се сторени во перидот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018.

Ѓорѓиоски, според Финансиската полиција, „свесно и со намера во име и на сметка на ФФМ прикажал лажни и невистините податоци во завршната сметка за 2017 кои на 27 февруари 2018 ја поднел до УЈП и Централаниот регистар“.

— реклама —

Делата за кои се сомничи Ѓорѓиоски се дека тој во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатени побарувања од купувачите постари од три години и тоа од ликвидиран непостоечки субјект АД Тобако Скопје во износ од 10.639.293 денари и од АД Југохром Јегуновце во износ од 6.169.832 денари.

На ваков начин како што велат од Финансиската полиција, Ѓорѓиоски ја зголемил даночната основица од непризнаените расходи за даночни цели , за кој износ не пресметал и не платил данок на добивка со што ФФМ остварила противправна корист од 1.680.912 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања