Екстремна промена на времето која ни следува од среда: Обилни врнежи од дожд, снег и силен ветер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Уживајте за време на овој викенд, како и во понеделник и во вторник во рано-летните температури на воздухот, но и во стабилното, суво и претежно сончево време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во недела, како и во понеделник во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да надминат и 30 степени.

— реклама —

Веќе од среда, па се до крајот на следната недела под влијаните на силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија очекуваме нагла, и екстремна промена на времето. Ќе има обилни врнежи од дожд, а температурите ќе опаднат дури и за околу, а понекаде и за повеќе од 15 степени во споредба со сегашните. Поради заладувањето, на планините над 1300 – 1400 метри ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка.

Температурите од среда, а особено од четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, се работи за максимални дневни температури на воздухот. Кон крајот на следната седмица и во Македонија ќе има услови за појава на утрински мразеви, особено на повисоките места и на планините.

— реклама —

Да напоменеме дека поради тоа што ладниот Атосферски фронт ќе пристигне на загреана и топла Атмосфера, локално ќе се развијат и грметевични облаци (нестабилна Атмосфера) од која се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, грмежи, а можна е и појава на град (локално во форма на невреме).

Ова особено лошо ќе се одрази кај метеопатите, но поради тоа што се работи за екстремна и нагла промена на времето која долго време сме ја немале, здравствени проблеми можни се и кај повеќето граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања