Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Екстремниот студ ја зафати Америка: Најмалку 83 мртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
1705740819-collage-sneg-am-2-750x422-1

Најмалку 83 лица ги загубија животите за време на минатонеделниот леден бран што зафати големи делови од САД и се уште трае, јавува CBS News.

Одделот за здравство на Тенеси потврди 19 смртни случаи поврзани со студ, додека официјални лица од Орегон потврдија 16 смртни случаи, вклучително и три лица кои починаа кога дрво падна врз нивниот автомобил, додека едно бебе, кое исто така беше во возилото, преживеа.

— реклама —

Повеќе смртни случаи беа пријавени од исток кон запад на САД во сојузните држави Илиноис, Пенсилванија, Мисисипи, Вашингтон, Кентаки, Висконсин, Њујорк, Њу Џерси и други.

Некои случаи се уште се под истрага за да се потврди дека се поврзани со студеното време, вклучително и оние кои загинаа во сообраќајни несреќи.

— реклама —

Некои држави издадоа предупредувања до возачите да бидат особено внимателни поради мразот на патиштата, а државните претставници на Мисисипи им порачаа на своите сограѓани „да внимаваат на замрзнатите патишта и да возат само доколку е потребно“.

Студеното време продолжува низ САД, со десетици милиони луѓе кои се соочуваат со екстремно ниски температури.

Источниот брег на САД најверојатно ќе доживее некои од најстудените денови оваа зима, вклучувајќи ја и поблагата и потопла држава Флорида во јужна централна Америка.

На западниот брег на САД, во Орегон, вонредната состојба сè уште е на сила откако ледените бури оставија повеќе од 45.000 луѓе без струја, а жителите на Калифорнија, Ново Мексико и Индијана, како и Пенсилванија на источниот брег на земја, исто така се без струја.

Синоптичарите предвидуваа дека снегот и студеното време ќе продолжат до почетокот на следната недела, велејќи дека арктичкиот воздух ќе се комбинира со влагата од Мексиканскиот залив и ќе создаде замрзнато време од Оклахома до Илиноис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања