Воздухот во Куманово синоќа беше екстремно загаден. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот. По 18:00 часот на моменти биле измерени над 1.000 ПМ честички. Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите, објави МИА.
А Скопјани веќе во континуитет дишат загаден воздух, а како во пресрет на поладни денови аерозагадувањето само ќе се зголемува, покажува искуството. Апликација која го мери квалитет на воздухот во Македонија, Мој воздух, синоќа покажа високи концентрации на ПМ10 честички во главниот град. Енормна загаденост е регистрирана во реонот Ректорат во 20 часот, односно 131 ПМ 10 честички на кубен метар, а нешто подоцна мобилната апликација покажа дури 211 ПМ 10 честички на кубен метар.