Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Електричните автомобили доживеаја бум во Германија: Продажбата скокна за 75 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryqgskisbp0jun12Nq4mb

Продажбата на нови електрични автомобили во Германија доживеа силен скок во август, откако повторно беше воведена државна програма за субвенционирање на нивната набавка. Според податоците на Сојузната управа за моторен сообраќај (KBA), регистрациите на целосно електрични автомобили се зголемиле за 75,1 отсто во споредба со август минатата година.

Во август биле регистрирани речиси 69.000 нови електрични автомобили, кои сочинувале 32,4 отсто од сите нови регистрации во земјата. Во првите шест месеци од годинава бројот на регистрирани електрични автомобили бил речиси 50 отсто поголем отколку во истиот период во 2025 година.

— реклама —

Сепак, дел од растот се должи и на слабата споредбена основа. Продажбата во минатата година значително опадна по укинувањето на претходната програма за субвенции, што дополнително ја зголемува стапката на раст забележана годинава.

— реклама —

Германија првпат воведе финансиски поттик за купување електрични автомобили во 2016 година, но програмата беше прекината кон крајот на 2023 година поради буџетски ограничувања. Берлин годинава повторно воведе изменета програма со цел да ја поттикне забавената продажба.

Аналитичарите, сепак, предупредуваат дека зголемената побарувачка би можела да трае само додека траат субвенциите. Константин Гал од консултантската компанија EY оцени дека по нивното укинување може повторно да следува остар пад на регистрациите, како што се случило и претходно.

— реклама —

Во август во Германија вкупно биле регистрирани околу 212.500 нови автомобили, што е раст од 2,6 отсто на годишно ниво. Приватните купувачи учествувале со 40,5 отсто од регистрациите, додека деловните корисници со 59,4 отсто.

Истовремено, странските производители продолжуваат да го зголемуваат своето присуство на германскиот пазар, додека домашните производители губат удел. Уделот на германските производители во август се намалил за 4,6 процентни поени, по падот од 0,9 поени во јули.

Особено брзо расте присуството на кинеските автомобилски марки. Нивната продажба во август се зголемила за 90 отсто, а пазарниот удел достигнал рекордни осум отсто, наспроти 4,4 отсто една година претходно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
nafta

Германија ќе пласира уште 13,5 милиони барели нафта и нафтени производи

Свет | пред 2 дена

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Авион во Франкфурт тргнал да полетува во спротивна насока

Свет | пред 2 дена

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања