Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Електрична енергија во државата има повеќе од доволно, среде зима се продаваат вишоци струја, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
poseta

СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски успешо менаџираат со енергетската криза. Во време на најтешка криза по втората светска војна обезбедена е сигурна испорака на струја до граѓаните и компаниите и стабилност на цената на електричната енергија, вели СДСМ

— реклама —

„Сите капацитети во државата - трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост се во погон, за прв пат во 70 години.

Електрична енергија во државата има повеќе од доволно, среде зима се продаваат вишоци струја.

— реклама —

Истовремено цената на електричната енергија не се зголемува.

— реклама —

Од 1 јануари, цената на струјата за домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува. Субвенционирани се 80 отсто од сметките за струја за домаќинствата.

Големо намалување на цената на струјата, односно 20,15 отсто има за 72.000 компании, мали потрошувачи на електрична енергија.

— реклама —

Одговорните енергетски мерки и политики на СДСМ даваат резултати“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања