Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Dalekovod_Pari

Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Обезбедена е сигурна и стабилна испорака на струја до граѓаните и компаниите, како и стабилност на цената на електричната енергија, вели СДСМ

„За прв пат во 70 години со полна пареа, истовремено, работат сите енергетски капацитети во државата и тоа трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост.

— реклама —

Се зголемува производството на струја од обновливи извори. Во мандатот на оваа влада од 10 месеци во државата се инсталирани и 141 мегават обновливи извори на енергија, оваа година ќе се искачат на 300 мегавати обновливи извори.

Електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот.

— реклама —

Цената на електричната енергија не се зголемува.

Од 1 јануари, цената на струјата за домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува. Субвенционирани се 80 отсто од сметките за струја за домаќинствата.

— реклама —

Големо намалување на цената на струјата, односно 20,15 отсто има за малите потрошувачи на електрична енергија. Станува збор за 72.000 мали и средни претпријатија, кои вработуваат 98 проценти од работниците во државата.

Обезбедена е евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците.

— реклама —

За ранливите категории граѓани се исплаќа додаток од 1.000 денари за поддршка на потрошувачка на електрична енергија.

СДСМ со одговорни политики, чесна и посветена работа ги заштити компаниите и граѓаните од ценовен шок, во време на светска економска и енергетска криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања