Електричната инсталација е најверојатно причината за пожарот во канцелариите на Инспекторатот за животна средина, смета Владимир Симоновски, командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје. Пожарот во просториите е изгасен за два часа, соопшти Симоновски. Според првичната проценка опожарени шест простории.
„Пожарот е пријавен во 6:50 минути, во канцеларии на СЕП, така е дојавен пожарот од страна на чуварот. Тука е пристигнато во 6:55, при пристигнувањето со првите две возила, побарани се дополнителни две возила. За вереме на интервенцијата имавме девет противпожарни возила и 24 пожарникари. Можевте и сами да видите дека станува збор за сложена интервенција, внатрешниот дел не се канцеларии на Секретаријатот за европски прашања туку на Инспекторатот за животна средина. Станува збор за стара Комерцијална банка, која внатре е преградена со ходници, гипс-картони и стаклени врати. Во моментот внатре не работи ниту еден хидрант, ниту една хидрантска мрежа. Тоа претставуваше поголем проблем, бидејќи не можевме да го затвориме пожарот од внатрешна страна, моравме да кршиме прозорци за да влеземе внатре. Пожарот е локализиран околу 8:50 минути“, рече Симоновски.
Во просториите каде што избувнал пожарот немало вработени, потврди командантот на Противпожарната бригада.