АД Електрани на Македонија ќе ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање за да утврдат дали вработен во компанијата е креатор на интернет портали во странство преку кои ширел наменски лажни вести, како и дали за наведеното дејство го злоупотребил работното место, работното време и службените ресурси.
– Во врска со случајот на лицето вработено во АД ЕСМ кое според информациите добиени од средствата за јавно информирање, е креатор на интернет портали во странство преку кои се ширеле наменски лажни вести, АД ЕСМ ја информира јавноста дека ќе ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање на компанијата согласно Законот за работни односи и согласно внатрешните акти и правилници за да се утврди дали вработениот за наведеното дејство го злоупотребил работното место, работното време и службените ресурси, информираат од ЕСМ.

Министерството за внатрешни работи се уште без одговор дали има постапка против Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев, вработен во Електрани на Македонија кој во предизборието 2016 регистрирал поратали во Србија и Хрватска низ кои ширел лажни вести.