Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Елена Петреска го сподели своето искуство: Конечно дома по 14 дена на Инфективно заради Ковид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
elena-petreska

Македонската пејачка Елена Петреска која по две недели поминати во болница поради корона вирус е пуштена на домашно лекување. Петреска одлучи да го сподели своето искуство со коронавирусот.

— реклама —

На својот профил на Фејсбук, Елена Петреска јавно се заблагодари за третманот што го добила во изминатите 14 дена на Инфективната клиника.

„Конечно дома по 14 дена на Инфективно поради Ковид. Благодарам на Бог што сѐ помина добро! Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила!Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника, тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуванот во овие тешки времиња.

— реклама —

Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целот ќе ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре таму каде што е потребно.

И морам да кажам (иако секогаш сум ги почитувала правилата) дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања