Елисавета и Оливер се невестата и младоженецот на јубилејното 60-то издание на Галичка свадба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
galicka

Викендов (14-16 јули) ќе се одржи јубилејното 60-то издание на Галичка свадба.

— реклама —

Овогодинешниот зет е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид.

— реклама —

Љубовта помеѓу Оливер и Елисавета започнала токму во Галичник, каде и што ќе ја крунисаат.

— реклама —

„Во Галичник започна нашата љубов со Оливер и драго ми е што ќе ја овековечиме таму. И многу сме среќни и тука сме еден за друг да се поддржиме“, рече Елисавета.

„Јас имам потекло од Галичник, невестата има потекло во Охрид. Веќе пет години се знаеме и цело време и зборам за Галичник. И така се одлучивме да аплицираме да учествуваме, и со голема желба, љубов и почит кон нашите предци да учествуваме на свадбата, заедно со нашите семејства и да се венчаме токму во Галичник со сите обичаи“, рече Оливер.

На 14-ти ќе се одржи целовечерен концерт на групата Фолтин, а во сабота доцна попладне почнуваат сите обичаи поврзани со Галичката свадба.

Покровител на манифестацијата Галичка свадба е претседателот на државата Стево Пендаровски кој по татко е галичанец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања