„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Елизабета Костова Бочварова: Неопходно и приоритетно е да се врати довербата на народот кон државата, преку достигнување на најнизок степен на криминал и корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
elizabeta

Интервју со Елизабета Костова Бочварова, „Македонски Концепт“, Кандидат за листа на пратеници за ИЕ 3

— реклама —

Елизабета Костова Бочварова – Дипломиран Инженер по биологија. Веќе 17 години работи во локалната самоуправа, а моментално во општина Зелениково. Од првиот ден на својот професионален ангажман, делува на полето на обезбедување на финансиска поддршка неопходна за реализација на проекти од сите економско – социјални области, со нагласен приоритет на проектите поврзани со заштитата на животната средина.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

— реклама —

Елизабета Костова Бочварова: Можноста да придонесам во развојот на мојата таковина особено во областа на заштитата на животната средина, и економскиот развој преку реализација на проекти и привлекување на странски инвестиции, а со тоа државата да се стави во рамките на нормално функционирање, каде секој граѓанин ќе си го најде своето место и улога во општеството.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Елизабета Костова Бочварова: Не. Јас сум долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ . Но веке подолг период во мирување. Причина за тоа е несогласување со политиките на раководството.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Елизабета Костова Бочварова: Економски развој, привлекување на странски инвестиции, реализација на бројни проекти од сите сфери, реформи во јавната администрација, нејзина професионализација, односно департизација, реформи во образованието и судството и подршка на земјоделците со проекти за развој специфични за нивната дејност.

ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Елизабета Костова Бочварова: Реформи во администрацијата, во судството, во образованието, во здравството! Неопходно и приоритетно е да се врати довербата на народот кон Државата, преку достигнување на најнизок степен на криминал и корупција. Само на тој начин, ќе се створат услови за враќање на младите од странство и намалување нивното, во овој момент, масовно иселување од државата.

ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Елизабета Костова Бочварова: Платформата на Македонски концепт е нешто сосема ново во нашата држава и за нашиот народ. Тоа е платформа која води кон етаблирање на една нормална држава, во која сите чинители имаат подеднакво значење. Концепт кој подразбира извршување на јавните услуги и сервиси без криминал и без корупција, чесно, транспарентно и државнички.

ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Елизабета Костова Бочварова:  Мојот придонес го гледам низ реализација на проекти финансирани од домашни и странски донаторски куќи, но и во иницијативите и активностите за привлекување на странски инвестиции насочени кон зголемен економски развој, а со тоа создавање на нови работни места. Со успешна реализација на овие иницијативи, лично сметам дека ќе успееме да ги мотивираме младите луѓе, да останат и да ја бараат својата шанса во оваа наша држава.

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Елизабета Костова Бочварова: За Реализација на проектите! За привлекување на инвестиции! За создавање на нови работни места! За силен економски развој и за зачувување и заштита на животната средина!

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Елизабета Костова Бочварова: Тоа е најефективен начин на кој можат да се реализираат целите на Македонски Концепт, но и развојните приоритети на државата. Сѐ се сведува на реализација на што повеќе проекти од сите области на целата територија на Македонија.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Елизабета Костова Бочварова: Реформирана администрација, департизирана администрација, департизирано судство, во секоја општина минимум по три производствени капацитети, вработени млади лица, намален број на иселени млади лица. Подигнати на највисоко ниво, образовен и здраствен систем, намалена на минимум корупција во сите сфери на општественото делување. На кратко кажано, Нормална Држава.

 

фото: Македонски концепт

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања