Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Елтон Џон се налути од зборовите на Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
elton

Британскиот музичар Елтон Џон се налути од зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој ги нарече вредностите на либерализмот „надживеани“ и изјави дека повеќето луѓе на Западот ги отфрлаат.

— реклама —

Во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“, Владимир Путин рече дека германската канцеларка Ангела Меркел згрешила со либералната политика кон имигрантите од Блискиот Исток.

„Либералните идеи укажуваат дека не треба ништо да се прави. Мигрантите можат да убиваат, да ограбуваат, да силуваат неказнето, бидејќи имаат права како мигранти. Кои права се тоа? Секое кривично дело треба да биде казнето. Значи, либералната идеја е „надживеана“. Таа влезе во конфликт со интересите на мнозинството од населението“, вели во интервјуто Владимир Путин.

— реклама —

Елтон Џон вели дека е многу вознемирен од овие зборови, соопшти „Ројтерс“.

„Категорично не се согласувам со вашиот став дека следењето на политики за општество со многу култури и сексуална разновидност е „надживеано“, рече тој.

Музичарот, кој е геј, го обвини исто Владимир Путин за лицемерство, бидејќи во истото интервју рускиот претседател вели дека сака луѓето од ЛГБТ заедницата да се среќни. Елтон Џон потсети дека биографскиот филм „Rocketman“, во кој се зборува за неговиот живот, бил цензуриран во Русија.

Во истото интервју Владимир Путин вели дека Русија не е нетолерантна, но западната желба да биде прифатена хомосексуалноста и промената на родовиот идентитет му се чинат премногу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања