Елвис Бајрам демантира дека во куќата на неговиот татко „пукал огномети и интервенирала полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
elvis-bajram

Елвис Бајрам демантира дека во куќата на неговиот татко „пукал огномети и интервенирала полицијата“,  објавена на медиумите.

— реклама —

„Објавената информација е целосно неточна и невистинита дека јас сум бил вмешан на настан каде се пукало огномет. Најнапред, јас живеам во општина Шуто Оризари а наведениот настан и пријавата кон полицијата дојде од граѓани кои живеат од друга населба. Понатаму, јас не сум присуствувал на наведениот настан со што објавените информации ги деградираат моето име и презиме.

Искрено сметам дека новинарите во нашата земја професионално ја извршуваат својата должност но со искажување на невистинити информации само ја нарушувате вашата професија и станувате дел од новинарите и медиумите кои пласираат неточни информации fake news. Искрено Ве упатувам да ги проверите информациите пред да ги објавите“, се наведува во демантот на Елвис Бајрам.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања