„Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот, Бочварски и Ковачевски кривично да одговараат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Capture-2

Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. 6,5 милиони евра државата платила за пенали поради нереализација на пругата, втората делница кон Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот.

— реклама —

Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот. Одговорност за ова катастрофално работење мора да има.

— реклама —

Министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга.

Помпезно најавуваната изградба на пругата како дел од добрососедските односи со Бугарија остана заглавена во Протоколот со направена милионска штета врз џебот на граѓаните.

Со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, лакомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија.

Недомаќинското работење со државните пари, граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања