Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

EMA со препорака за трета „бустер“ доза за лица постари од 18 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

vakcini-332

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја повтори својата препорака да се дава трета „бустер“ доза од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ на лица постари од 18 години.

-Повеќето земји-членки на ЕУ почнаа да даваат засилувачки дози прво на ранливите групи, а преминувањето на засилувачка доза за општата популација е веројатно следниот чекор во заштитата на јавното здравје – изјави доктор Марко Кавалери од ЕМА.

— реклама —

Претставници на ЕМА наведуваат дека бустер дозата може да се даде на возрасни најмалку шест месеци по целосната вакцинација со „Фајзер“, или шест до осум месеци по втората доза на „Модерна“.

— реклама —

-Трета доза од вакцината на „Модерна“, земена шест до осум месеци по втората доза доведува до зголемување на бројот на антитела. Студиите не покажаа безбедносни ризици, а антителата добиени од бустер дозата покажуваат подобри резултати во неутрализирање на делта варијантата во споредба со нивото пред да се прими засилувачката доза – вели Кавалери.

— реклама —

Тој додава дека слично мислење било дадено и порано за бустер дозата на „Фајзер“ и нагласи дека тие мислења го отвориле патот за давање бустер доза на возрасните, вклучително и оние кои се во поголем ризик да добијат Ковид-19.

ЕМА наведува дека во моментов нема особена загриженост кога се користи засилувачка доза покрај веќе познатите несакани ефекти од примарната вакцинација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања