Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Емил Спасовски кон Сашко Митовски: „За проблемот со крупниот добиток имаш ставови, наредби и совети за сите, само конкретни решенија од твоја страна не гледаме никаде“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryfpisuh30vppb0EUtPF3

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски, упати остри критики до градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, обвинувајќи го дека наместо да понуди конкретни решенија за проблемите во општината, се занимава со прес-конференции и објави на социјалните мрежи.

— реклама —

Повод за реакцијата е и проблемот со крупниот добиток, за кој, според Спасовски, Митовски има ставови и совети, но не презема конкретни чекори за негово решавање. Тој реагира и на коментарите на градоначалникот за работата на инспекциските служби и полицијата, нагласувајќи дека институциите треба да го спроведуваат законот, а не да постапуваат според барањата на градоначалникот.

Спасовски тврди дека зад реакциите на Митовски се кријат сериозни проблеми во работењето на општината. Меѓу нив ги наведува празната општинска каса, одземањето и отуѓувањето општински имот од извршител, за што, како што посочува, веќе постапува Обвинителството, како и дваесетина кривични пријави.

— реклама —

Тој додава дека Државниот завод за ревизија ја проверува општинската документација и смета дека прашањата за финансиското работење и одговорноста се причината за зачестените јавни настапи на градоначалникот.

— реклама —

„Градоначалнику, граѓаните не те избрале да бидеш коментатор на работата на Владата, полицијата и инспекциите. Те избрале да работиш за општината!“, порачува Спасовски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfpisuh30vppb0EUtPF3

Спасовски: Со ребалансот капиталните инвестиции достигнуваат 46 милијарди денари, односно зголемување за 14,5% во однос на планираниот буџет

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања