Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Емилија Трајковска ќе биде новата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на местото на Невенка Стаменковска-Стојковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-3-1

Емилија Трајковска од Куманово ќе биде новата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на местото на Невенка Стаменковска-Стојковски, која влезе во техничката влада како дополнителен заменик-министер за информатичко општество и информатика.

— реклама —

Државната изборна комисија (ДИК) добила согласност од Трајковска, по што изготвила Ивештај кој денеска ќе биде испратен до Собранието.

Потоа во редовна и предвидена постапка, како што рече на денешната седница на ДИК претседателот Оливер Дерковски, за нејзиниот мандат треба да се изјасни собраниската Комисија за политички систем и да биде верификуван на пленарна седница, по што од Државната изборна комисија ќе добие и решение.

— реклама —

Трајковска ќе биде пратеник до 11 февруари, кога Собранието ќе биде распуштено поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април

фото:  Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања