Ен Хатавеј проговори за мајчинството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
en-hatavej-620x350-1

Глумицата Ен Хатавеј зборуваше за мајчинството и нејзините деца во интервју за списанието „Даблју-ес-џеј“ (WSJ). Таа, инаку, е мајка на Џонатан Роузбенкс (6) и Џек (2) и открива дека „никогаш не се чувствувала повеќе своја“ откако станала мајка.

— реклама —

– Не би рекла дека ми недостига интегритет, туку тоа ми дозволи да бидам целосно и на сите нивоа доследна на мојот збор… А, тоа значеше да престанам со сите глупости!, појаснува таа.

— реклама —

Иако глумицата која е на крајот од четвртото десетлетие од својот живот, се гледа себеси со уште едно дете, таа е свесна за предизвиците на бременоста сега.

— реклама —

– Може бременоста и породувањето да се покажат како нешто позитивно. Но, од сопственото искуство знам дека е многу посложено… И кога ќе сфатиш дека твојата болка ја споделуваат и други луѓе, не се чувствуваш така сам со тоа чувство, вели таа.

Ѕвездата на новата ТВ-серија „Затрескани“ (WeCrashed) се надева дека нејзините деца нема да одат во киноиндустријата прерано.

– Веројатно ќе им го дадам истиот совет што ми го дадоа моите родители, имено – „Имаш многу време за да станеш професионална глумица, но можеш да бидеш дете само еднаш“, изјави Ен.

За неа и сопругот Адам Шулман, сега е важно нејзините деца да учат, да посетуваат настава и да читаат.

– Мислам дека ќе можат веќе на факултет да откријат што сакаат да прават со нивните животи, заклучи таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања