„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Енергетски ефикасна фасада за СУГС „Цветан Димов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

СУГС „Цветан Димов“ е уште едно училиште кое ќе добие нова енергетско ефикасна фасада, со што Град Скопје продолжува да инвестира во средното образование. На почетокот на градежните работи за реконструкција на фасадата присуствуваше градоначалникот Шилегов.

— реклама —

- Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно ќе биде стаклена со алуминиумски композитни панели во боја. Оваа реконструкција ќе заштеди енергија и полесно ќе се одржува температурата во зимскиот и во летниот период во училиштето. Учениците и професорите ќе имаат поквалитетни и подостоинствени услови за настава – рече Шилегов.

— реклама —

Градот Скопје само минатата година инвестираше во повеќе сегменти од образованието - половина од училиштата добија енергетско ефикасни фасади, во другата половина од училиштата се реконструираше внатрешноста во согласност со потребите, беа обезбедени стипендии за над 100 средношколци спортисти, а беа ангажирани и 17 образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби. Исто така, сите средношколци без исклучок добија бесплатен јавен градски превоз, а во осум училишта беа направени тоалети за лицата со попреченост и беа обележани паркинг-места за лицата со посебни потреби во кругот на училиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања