Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Енергетскиот систем пред колапс, а директорот на ЕСМ Ковачевски и директорот на МЕПСО Муртезани земаат плата по 1700 евра месечно, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja-585x447-1

СДС да ја напушти играта на обвинувања кој е поголем паразит, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Енергетскиот систем е пред колапс, а директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и директорот на МЕПСО Орхан Муртезани земаат плата по 1700 евра месечно плата.

— реклама —

За четири години овие владини функционери, паризити во општеството само основ на плата ќе земат вкупно 163.200 евра.

Додека бројот на сиромашни секојдневно расте, над 500.000 граѓани живеат со по 150 денари на ден, фирмите се затвораат, а бројот на отпуштени работницо се зголемува, Ковачевски и Муртезани живеат во луксуз.

— реклама —

Цената на неспособноста на Ковачевски и Муртезани ја плаќаат граѓани, додека тие живеат на грбот на народот, граѓаните живеат во беда.

Единствена заслуга на паразитот Ковачевски и пазаритот Муртезани е недостиг на електрична енергија и скапа струја за стопанството и домаќинството.

И директорот на национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи е паразит, кој од државата месечно зема по 1.300 евра или за четири години директорување ја чини државата и граѓаните 62.400 евра, а никој не знаае ниту што работи, ниту која стратегија ја понудил за излез од енергетската криза.

— реклама —

Државата тоне, Македонија плаќа најскапа електрична енергија бидејќи власта е неспособна, а високи владини функционери се богатат.

Има богати владини паразити, а сиромашен народ.

— реклама —

Ова расипништво мора да престане. Потребни се промени.

СДС да прифати предвремени парламентарни избори за народот да може да одлучи дали сака да има владини паразити кои не работата ништо, а земаат плата и живеат во луксуз или сакаат влада на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе го подобри животниот стандрд и ќе понуди излез од енергетската и економската криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања