Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Епидемија во Њујорк: 90 заразени и шест починати од легионерска болест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT
unsplash

Бројот на починати од легионерска болест во Њујорк се искачи на шест, додека вкупно 90 лица се заразени во епидемијата што го зафати квартот Апер Ист Сајд на Менхетен, во близина на Централ Парк.

— реклама —

Градските здравствени власти соопштија дека од 17 јули не се регистрирани нови случаи на заболувањето. Во моментов шест пациенти се хоспитализирани, додека 65 лица од почетокот на епидемијата се пуштени на домашно лекување.

Властите информираа дека десетици разладни кули, во кои била откриена бактеријата Legionella, се исчистени и дезинфицирани.

— реклама —

„Уверени сме дека изворот на бактеријата е отстранет“, соопшти њујоршката здравствена служба.

— реклама —

Легионерската болест е тежок облик на воспаление на белите дробови, кој настанува по вдишување на бактерии Legionella преку ситни водени капки во воздухот. Болеста не се пренесува од човек на човек, туку најчесто се појавува кога бактеријата ќе се размножи во водоводни системи, како што се тушеви, бојлери, чешми и разладни кули.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), бактеријата најлесно се размножува во топла вода и при повисоки температури.

— реклама —

Иако повеќето пациенти успешно закрепнуваат со антибиотска терапија, болеста може да биде опасна, па дури и смртоносна, особено кај лица со ослабен имунитет или со хронични заболувања на белите дробови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања