Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Епидемијата на корупција однела 500 милиони долари, зошто нема никој во затвор, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Стратешките партнери на Македонија издвоиле 500 милиони долари за борба против корупцијата, а Македонија има епидемија од корупција. Власта на тандемот СДС и ДУИ е 7 години власт, министер за внатрешни работи 9 гoдини по ред е Оливер Спасовски, а има епидемија од корупција и довербата во судството сега е пониска од било кога порано“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Само 2% доверба во судството е заради криминалот и корупцијата кои ја јадат државата.500 милиони долари завршиле во Македонија за борба против корупцијата, криминалот и подобрување на владеењето на правото. Наместо подобрување, ефектот е зголемена корупција, Македонија тоне во криминал, а тој го прави врвот на власта.

— реклама —

МВР, Управата за Финансиска полиција, Царинската Управа, УЈП, Управата за финансиско разузнавање 7 години се водени од структури на СДС и ДУИ, 7 години неказнивост.

— реклама —

Ако 500 милиони долари се потрошиле за борба против корупцијата, а корупцијата цвета тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите?

— реклама —

За криминалот на оваа власт не кажува веќе само ВМРО-ДПМНЕ кажуваат и меѓународни институции и агенции“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања