Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Епископот Партениј ќе богослужи во Битуше на празникот на Светите Кирил и Методиј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryk92kfh3jcgfc7demLyu

Бигорскиот манастир информира дека на празникот посветен на Светите рамноапостолни сесловенски просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, ќе се одржат свечени богослужби во бигорскиот скит во селото Битуше, кој е посветен токму на светите браќа.

Во сабота, на 23 мај, со почеток во 18 часот ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, со која ќе претстои Епископот Антаниски г. Партениј.

— реклама —

Следниот ден, во недела на 24 мај, во 07:30 часот ќе започне утрената богослужба, а во 09:00 часот ќе се отслужи Света архијерејска литургија со која ќе чиноначалствува Епископот Антаниски г. Партениј.

— реклама —

„Во храмот кој се наоѓа во напредна фаза на изградба и оваа година молитвено ќе се собереме, за да испросиме од Бога и од Светите Браќа благослов и поскоро завршување на нивниот нов дом“, соопштија од Бигорскиот манастир.

По завршувањето на богослужбите, во дворот на скитот ќе се одржи и културно-уметничка програма.

— реклама —

На литургијата ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовното раководство на владиката Партениј – братството на Бигорскиот манастир, како и сестринствата од Рајчица и Пречиста.

— реклама —

„Христос воскресе!“, стои во објавата испратена со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената Бигорска Обител.

Локација на црквата

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања